За TC GROUP

Тау Цети Дооел Скопје е компанија основана во 2012 година и со повеќегодишното постоење успева да наметне нови стандарди во основната дејност, Управување со станбени и деловни објекти застапувајќи го брендот “Мој Куќен совет”. (лиценца бр. 08-253/3 издадена од Регулаторна комисија за домување).

Мој Куќен совет управува со повеќе од 180 станбени објекти, односно 3800+ станбени единици во исто време поставувајќи се како најдобар партнер за секоја потреба на клиентите. Како едни од пионирите во дејноста, нашиот тим составен од професионалци од различни дејности ја креира перцепцијата за решение на проблемите од различни агли, што пак резултира со сеопфатни и комплетни решенија.

Покрај основната дејност Управување, Тау Цети групацијата се грижи за беспрекорно и професионално техничко одржување и хигиена во голем број станбени и деловни објекти на територија на Град Скопје.Тимот на Мој Мајстор и Еко Клин со стекнатото искуство ни дава можност да обезбедиме комплетна услуга за вашиот објект.

Нашата цел е не само да се понуди и да се изведе услугата на највисоко ниво, да се биде предводник во воведувањето на нови идеи, производи и услуги обезбедувајќи ја лидерската позиција на домашниот пазар на домување.

Од самото основање на компанијата, главен предизвик ни претставува овозможување подобар заедничкиот живот со одговорен и детален пристап, како би допринеле за подигнување на стандардите во објектите и обезбедување на најквалитетна услуга.

Во самата организација е вметната култура за преземање на иницијатива и стремеж кон континуирано професионално надградување.

Дозволете ни заедно да изградиме подобра и посвела иднина за Вашиот објект.


СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СЕРВИС И КОМПЛЕТНА УСЛУГА ЗА ВАШИОТ ОБЈЕКТ!


УПРАВУВАЊЕ

Изберете го Вашиот оптимален модел на распределба на трошоците со целосна транспарент во финансиите и можност за плаќање без провизија.

ТЕХНИЧКИ СЕРВИС

Дозволете нашиот тим од професионалци да се погрижи за поквалитетен и функционален живот во Вашиот станбен и деловен простор. Мој Мајстор мултисервис Ви нуди решение за секоја Ваша потреба.

ХИГИЕНА

Дозволете нашиот тим од професионалци да се погрижи за поквалитетен и функционален живот во Вашиот станбен и деловен простор. Мој Мајстор мултисервис Ви нуди решение за секоја Ваша потреба.