Тимот на Мој Куќен Совет Ви стои на располагање за сите тековни и вонредни потреби кои настануваат во објектите.

Со нас добивате:

  • НАЈДОБРИ ОПЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ – БЕЗ ПРОВИЗИЈА
  • МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ  ДО 24 РАТИ
  • ВАУЧЕР ЗА ОДДРЖУВАЊЕ ИЛИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБЈЕКТОТ
  • КОМПЛЕТНА УСЛУГА ЗА КВАЛИТЕТНО ЖИВЕЕЊЕ

Изберете го Вашиот модел за распределба на трошоците, добијте целосна транспарентност во финансиите како и плаќајте без провизија. За секој објект се отвораат посебни банкарски сметки за редовен и резервен фонд наменети единствено за потребите на сопствениците. Секоја одлука се донесува со писмена согласност од 51% од сопствениците, што е потребна и за склучување на договор за управувачки работи.

 

ИЗРАБОТКА НА МЕСЕЧНИ ПРЕСМЕТКИ (ФАКТУРИ)

  • На овој начин корисниците се детално информирани за настанатите трошоци и состојбата на резервниот фонд во објектот. Можност за плаќање без провизија на сите уплатни места на „Халк Банка“. – пример од фактури тука

ПРАВНИ СОВЕТИ И УСЛУГИ

  • Правни совети во врска со управувањето и законските одредби од најдобрите професионалци специјализирани во дејноста домување и промет со недвижности, застапување на корисниците пред други институции, издавање на дозволи и согласности, приватизација на државно земјиште, ликвидација на Заедница на сопственици.

ПЛАН ЗА ОДРЖУВАЊЕ Персонализирана изработка и утврдена динамика за изведба

  • За безпрекорно функционирање секој објект има различни потреби за тековно одржување, како и разни инвестиции за зголемување на вредноста и подобрување на заедничкото живеење. Нашиот тим составен од професионалци од различни дејности изработува оптимален модел за одржување по потребите на Вашиот објект. Заедно со Вас ќе се погрижиме за негова целосна реализација.

 

ИСПРАЌАЊЕ НА ОПОМЕНИ ЗА ЗАОСТАНАТ ДОЛГ, ПОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА

  • Редовната наплата е клучен фактор за редовно подмирување на заедничките трошоци и реализирање на потребните инвестиции. Доколку по две последователни опомени должникот не го подмири заостанатиот долг, се поведува постапка за наплата на долгот пред надлежен нотар и извршител.

ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

  • Навремено подмирување на тековните трошоци во зградата (ел.енергија, лифт, вода, хигиена и сл.), обврски према трети лица, изготвување на месечни и годишни финансиски извештаи.

НАЈДОБРИ ОПЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ

  • Со Мој Куќен Совет имате можност за плаќање без провизија на сите уплатни места на Халк Банка, електронско плаќање со mkpay.mk  можност за финансирање на проекти како и плаќање до 24 рати.

Нашата компанија Ви овозможува најпрофесионало техничко одржување и целосно одржување на хигиената по потребите на Вашиот објект. Проверете на Мој Мајстор и Еко Хигиена подетално за сите наши услуги и производи

 

Oдговорните лица во секторите управување и техничко одржување во координација со сопствениците на објектот изработуваат технички записник на објектот, во согласност со меѓународниот стандард за оценување на состојбата објектите: ASTM E2018 – 15, со цел изработка на предлог – План за одржување и инвестирање кој одговара на уникатните потреби на зградата, со цел овозможување на непречено функционирање, подобрување на техничките карактеристики и енергетската ефикасност на објектите.

 

Одлучете се за нашата понуда и дозволите нашиот тим заедно со Вас да изработи и реализира проектен план според Вашите потреби и побарувања, за обезбедување на најголема безбедност и вредност на Вашиот имот.

Пополнете го прашалникот за потребните тековни услуги во ПОБАРАЈ ПОНУДА добијте понуда за Вашата зграда!

СКЛУЧЕТЕ ДОГОВОР И ВЕДНАШ ДОБИЈТЕ:

  • Машинско чистење на заеднички простории
  • Уред за контрола на пристап – Шифрарник
  • Огласна табла и Куќен ред
  • Полици за рекламен материјал и канта за отпадоци
  • Подница за чевли
  • Упатство за постапување при непогоди