Мој Мајстор Мултисервис

Дозволете нашиот тим од професионалци да се погрижи за поквалитетен и функционален живот во вашиот станбен и деловен простор.

Мој Мајстор Мултисервис Ви нуди решение за секоја Ваша потреба. Нашиот искусен тим и мрежата од проверени и најквалитетни соработници Ви стои на располагање за сите тековни и вонредни потреби кои настануваат во деловните објекти и Вашиот дом.

Итни интервенции

Дотраените водоводни, канализациски и електрични инсталации често можат да бидат причина за поплава или пожар во домот. Најважно од сѐ е санацијата и изведбата да ја изврши стручно лице. Итните интервенции ги вршиме веднаш, без одложување.

Електрика и безбедносни системи

Поставувањето на електро-инсталација или санација на истата е работа на која мора да и се обрне најмногу внимание, на прво место од безбедносни причини. Поради тоа, дозволете со тоа да се занимаваат стручни лица со големо искуство.

Водовод и канализација

МОЈ МАЈСТОР ви нуди професионална изведба на водоводни и канализациски мрежи во Вашиот дом или работно место. Вршиме реконструкција на постоечки водоводни и канализациони инсталации, како и поставување на истите.

Молерофарбарски услуги

Молерофарбарските работи се најважен сегмент од уредување на внатрешниот простор. Со помош на боја го оплеменуваме и оживуваме просторот во кој живееме. Ви нудиме брзи и квалитетни молерофарбарски услуги за комплетна промена на Вашиот дом или деловен простор.

Лимарски услуги

Квалитетно изведениот кров и сите негови внимателно решени детали, заедно со останатите елементи ја прават станбената градба и придонесуваат за квалитетот на живеењето. Поради тоа, со посебна грижа пристапуваме кон секој објект, од моментот на првиот разговор со клиентот, предлагање на решенија и изработување на понуда, па се до завршната фаза на изведба на истиот.

Браварија, ПВЦ и АЛУ Столарија

Столаријата може да биде изработена од најразлични материјали, а најчесто од дрво, ПВЦ или алуминиум со двојни крила и двојни стакла. Поставувањето на квалитетна столарија обезбедува заштеда на електрична енергија, а со квалитетот следува и долготрајност.

Дезинфекција, Дезинсекција и Дератизација

Мерките за дезинфекција, дезинсекција и дератизација подразбираат комбинација од внимателно планирани и превентивни постапки за намалување, размножување или целосно уништување на секаков вид на микроорганизми и штетници. Се користат еколошки хемиски средства кои немаат влијание на здравјето на луѓето, животните и околината.

Греење и ладење

Редовното одржување и чистење на климатизерите во Вашите простории го подобрува квалитетот на воздухот во просторијата и го продолжува периодот на работа на клима уредот. Поради тоа е исклучително важно редовно одржување и правилно чистење на уредите за греење и ладење. Ви нудиме комплетна услуга за редовно одржување, чистење и санација на клима уредите во Вашиот станбен или деловен простор со цел подобрување на квалитетот на воздухот.