Дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Мерките за дезинфекција, дезинсекција и дератизација подразбираат комбинација од внимателно планирани и превентивни постапки за намалување, размножување или целосно уништување на секаков вид на микроорганизми и штетници. Се користат еколошки хемиски средства кои немаат влијание на здравјето на луѓето, животните и околината.

Ви стоиме на располагање за следните услуги

Дезинфекција

Превентивна хигиенско-санитарна мерка против бактерии и микроорганизми, кои најчесто се причинители за инфекции и болести. Со дезинфекцијата бактериите  се уништуваат со што се спречува нивната повторна појава.

Дезинсекција

Дезинсекцијата е мерка која се презема за намалување на популацијата на инсектите како и за нивно уништување. Поради заразните болести кои ги пренесуваат инсектите, дезсинсекцијата се смета за неопходна мерка во сите делови на станбени и деловни објекти.

Дератизација

Дератизацијата подразбира комбинација од мерки и методи за уништување на штетници глодари со цел спречување и намалување на ризикот на појава на заразни болести кај луѓето и животните.