Електрика и безбедносни системи
Поставувањето на електро-инсталација или санација на истата е работа на која мора да и се обрне најмногу внимание, на прво место од безбедносни причини. Поради тоа, дозволете со тоа да се занимаваат стручни лица со големо искуство.
Електрични инсталации
Изведба и санација на електрични инсталации и електрични броила.
Бела техника и апарати за домаќинство
Поставување и одржување, поправка на бела техника и електрични апарати за домаќинство, системи за ладење и греење.
Светилки, приклучоци и прекинувачи
Поставување и промена на секаков вид на осветлување и светлечки тела, приклучоци и прекинувачи.
Електрични табли за осигурачи
Изведба и санација на електрични табли за осигурувачи.
Рефлектори со сензори за движење и тајмери
Изведба, санација и промена на секаков вид на сензори, рефлектори, тајмери и осветлување.