Греење и ладење

Редовното одржување и чистење на климатизерите во вашите простории го подобрува квалитетот на воздухот во просторијата и го продолжува периодот на работа на клима уредот. Поради тоа е исклучително важно редовно одржување и правилно чистење на уредите за греење и ладење.

Ви нудиме комплетна услуга за редовно одржување, чистење и санација на клима уредите во вашиот станбен или деловен простор со цел подобрување на квалитетот на воздухот.

Ви стоиме на располагање за следните услуги:

Радијатори и вентили

Термално испитување, поправка и промена на неисправни радијатори и вентили.

Електрични котли и печки на дрво

Видео инспекциски преглед на секаков вид на цевки, канали и оџаци, монтажа на дрвени печки и поврзување со оџак.

Оџаци и вентилација

Видео инспекциски преглед на оџаци и вентилациони отвори, и нивно чистење.

Клима уреди

Сервисирање на клима уреди, проверка на инсталација, замена и дополнување на фреон.