За нас

TC GROUP

Тау Цети е групација посветена на професионална и квалитетна услуга. Основана во 2012 година и со повеќегодишното постоење успева да наметне нови стандарди во дејностите на управување и оддржување на станбен и деловен простор.

Мој Куќен Совет управува со повеќе од 250 станбени објекти, односно 5500 станбени единици во исто време поставувајќи се како најдобар партнер за секоја потреба на клиентите. Како едни од пионирите во дејноста, нашиот тим составен од професионалци од различни дејности ја креира перцепцијата за решение на проблемите од различни агли, што пак резултира со сеопфатни и комплетни решенија. (лиценца бр. 08-17/3 издадена од Регулаторна комисија за домување).

Нашата екипа од професионалци има широко искуство и експертиза во областа на недвижен имот.  Со ангажман кон постојано усовршување и следење на најновите трендови, ние гарантираме професионалност и висок степен задоволство на секој клиент.

Се гордееме со својата репутација како проверен партнер веќе 12 години. Со нас добивате и партнерство што ќе Ви помогне во зголемувањето на вредноста на Вашиот имот.

Покрај основната дејност Управување, Тау Цети групацијата се грижи за беспрекорно и професионално техничко одржување и хигиена во голем број станбени и деловни објекти на територија на Град Скопје. Тимот на Мој Мајстор Мултисервис и Еко Клин Сервис со стекнатото искуство ни дава можност да обезбедиме комплетна услуга за Вашиот објект.

Нашата цел е да се понуди и да се изведе услугата на највисоко ниво и да бидеме предводник во воведувањето на нови идеи, производи и услуги обезбедувајќи ја лидерската позиција на домашниот пазар на домување.

Од самото основање на компанијата, главен предизвик ни претставува овозможување подобар заедничкиот живот со одговорен и детален пристап, како би допринеле за подигнување на стандардите во објектите и обезбедување на најквалитетна услуга.

Во самата организација е вметната култура за преземање на иницијатива и стремеж кон континуирано професионално надградување.

Дозволете ни заедно да изградиме подобра и посветла иднина за Вашиот објект.