Деловни корисници

Со Еко Клин Сервис ќе ја добиете најдобрата нега за Вашиот простор. Со нашиот професионален пристап поставуваме нови стандарди на одговорно и професионално одржување на хигиена. Ви нудиме стручен тим, со употреба на еколошки препарати од најквалитетни производители и примена на најсовремена технологија.

Нашата компанија нуди услуги за чистење и одржување на хигиена во сите видови на деловни простории. Услугите за чистење на деловните простории можат да се договорат и изведат на дневна база, неделна, месечна или по потребата на клиентот. Побарајте не и добијте соодветна понуда за Вашиот простор.

 

Деловни објекти

Станете наш клиент и добијте:

  • Чистење на канцелариски мебел, отстранување од прашина од бироа и работни површини.
  • Празнење и чистење на корпи за отпадоци 
  • Чистење, измивање и дезинфицирање на санитарни простории во деловни објекти.
  • Поливање на цветни аранжмани 
  • Достава и дополнување на санитарен прибор
  • Чистење на тешко достапни места.

Угостителски објекти

Како Еко Клин Сервис разбираме дека чист и хигиенски простор е важно за да ги задржиме клиентите да се враќаат во Вашиот простор, бар или кафуле.

За одржување на хигиената на исклучително квалитетно ниво во зависност од Вашите потреби нудиме: 

  • Тековно чистење на објектот 
  • Пребришување на внатрешниот ентериер 
  • Чистење и дезинфекција на подните површини 
  • Чистење на тешко достапни места   
  • Чистење на стаклени површини 
  • Чистење и дезинфекција на тоалети 

 

Образовни објекти

Наш најголем приоритет е да имаме чиста и здрава околина за нашите деца. Затоа во Еко Клин Сервис, ги обучуваме нашите хигиеничари да вршат услуги за чистење во училиштата и градинките според највисоки стандарди.

Еко Клин Сервис ги чисти училиштата и образовните тела од сите големини, вклучително предучилишни установи, основни училишта, средни училишта, универзитети и академии.

Побарајте термин што на Вас ви одговара и добијте:

  • Дезинфекција на целиот објект 
  • Редовно чистење за време на полугодието/семестарот
  • Генерално чистење на крајот на учебната година 
  • Тековно одржување на заедничките простории
  • Машинско чистење на сите видови тврди подлоги

Спортски објекти

Без разлика дали сакате чистење на Вашата вежбална, фитнес сала или професионална спортска арена, треба да воочите многубројните обврски при одржување и чистење на просторот, за потоа да создадете чисто и секогаш пријатно и позитивно место во кое Вашите посетители со задоволство ке доаѓаат.

 Во рамките на спортските објекти среќаваме најразлични видови на подови – од дрво, плочки и теписон до дрвен паркет, ламинат и ПВЦ подови.  За таа цел би ги нудиме следниве услуги:

 

  • Машинско чистење на тврди подови·       
  • Чистење со вода под висок притисок на плочки, гранит, мермер,паркет, бетонски површини, феро бетон, гума и друго.
  • Чистење со правосмукалка и пребришување на подови, теписи и теписони.
  • Механичко чистење
  • Хемиска обработка со средства од линија на германскио производител и лидер на пазарот Karcher
  • Заштита на тврди подни површини по машинско перење-нанесување на емилзија(восок) и полирање.

Продажни салони

 Подобрете го искуството за купување на Вашите клиенти во супермаркет, обезбедувајќи чиста и безбедна околина за набавки за храна. Со нашите услуги за чистење на супермаркети гарантираме дека Вашите клиенти ќе уживаат во искуството на купување и ќе посакаат повторно да се вратат.

Нудиме услуги за чистење на Вашиот супермаркет со највисок квалитет:

  • Метење и чистење на скали и заеднички тврди површини 
  • Чистење организирање на простории за состаноци 
  • Бришење прашина на хоризонтални површини
  • Дополнување на диспансери за хартија и сапун
  • Фрлање ѓубре и замена за вреќи во корпите за отпадоци 
  • Чистење со правосмукалка и пребришување на подови, теписи и теписони 
  • Подигање и остранување на ѓубрето

Здравствени установи

Во Еко Клин Сервис разбираме што точно се бара од професионалната компанија за чистење на медицински канцеларии. Одржување на хигиената на здравствените не е само поврзано со естетиката и задоволството на пациентите, туку и го намалува

ризокот на болнички стекнати инфекции.

Покрај постојаното и сигурно ниво на длабоко чистење, нашите професионални услуги зачистење на медицински простории вклучуваат:

  • Темелно чистење на целиот објект 
  • Дезинфекција на објектот 
  • Чистење и дезинфекција на тоалети 
  • Чистење на тешко достапни места
  • Чистење на стаклени површини 
  • Чистење на дополнителни простории 
  • Усвојување/учење на специфични методи за чистење на специјализирана опрема      
  • Безбедносни методи за чистење користејќи природни, нетоксични хипоалергени производи за чистење.

Индустриски капацитети

Со нашите современи машини за чистење на сите видови подови, квалитетни средства и професионален кадар, нудиме брза, ефикасна и квалитетна услуга за чистење на Вашиот магацински простор која во целост ќе ги задоволи Вашите потреби и барања.

Како компанија со долгогодишно искуство во оваа област. Ви ги нудиме следниве услуги:

  • Редовно чистење на Вашите производствени капацитети и професионален начин
  • Употреба на најквалитетни средства за чистење од реномирани производители 
  • Користење на најсовремени машини за хигиена 
  • Машинско чистење, полирање на тврди и меки подови (мермер, гранит,ПВЦ, епоксид, полиуретан, килим, тепих и друго)
  • Перење на ѕидови и фасади

 

Градежни компании

Градежните објекти се придржуваат до повисоки стандарди и правила за чистење. Од особена важност се сигурни и ефективни машини кога станува збор за отстранување на различни видови нечистотија во градежната индустрија.

Нашите услуги за чистење на градежни работи вклучуваат:

  • Чистење пред изградба
  • Чистење после градежни работи 
  • Финално чистењe

 

Понудата може да биде креирана според сите Ваши потреби.

Побарајте претставник од нашата компанија за подобро дефинирање на планот за одржување и одберете го пакетот за Вашиот објект.