Деловни објекти
Нашата компанија нуди услуги за чистење и одржување на хигиена во сите видови на деловни простории. Бројните препораки од нашите клиенти сведочат за квалитетот на услугите кои ги нудиме. Услугите за чистење на деловните простории можат да се договорат и изведат на дневна база, неделна, месечна или по потребата на клиентот.
Работите кои ги изведуваат при чистење на објектот зависат од потребите на клиентот односно просторот и можат да вклучат:
Чистење на канцелариски мебел, биротехничка опрема, отстранување од прашина од бироа и работни површини.
Празнење и чистење на корпи за отпадоци
Чистење со правосмукалка на меки подни подлоги (теписи и теписони)
Миење и бришење на тврди подни подлоги (камен, ПВЦ, паркет)
Чистење, измивање и дезинфицирање на санитарни простории во деловниот објект
Измивање на стаклени површини
Дистрибуција на потрошен материјал во кујните и санитарните простории
Поливање на цветни аранжмани
Достава и дополнување на санитарен прибор
Тоалетна хартија, бришачи, течен сапун, диспензери, држачи на тоалетна хартија, хартиени штитници за WC даска, диспензер за мирис и сл.